Не само што се вкусни, туку имаат и голем број на бенефити за вашето здравје. Еве неколку причини зошто конзумирањето маслинки е добро за вашето здравје:
- Маслинките го намалуваат холесторолот во крвта
- Маслинките го контролираат крвниот притисок
- Маслинки се извор на диетални влакна како алтернатива на овошјето и зеленчукот.
- Маслинките се одличен извор на Витамин Е
- Маслинки делуваат како антиоксиданс, заштитувајќи ги клетките
- Маслинките ги намалуваат ефектите на дегенеративните болести како Алцхајмерова болест, бенигни и малигни тумори, како и помалку сериозни варикозни вени и шуплини
- Маслинките помагаат во спречување на згрутчување на крвта, што може да доведе до миокарден инфаркт или тромбоза
- Маслинките ги заштитуваат мембраните на клетлите од рак
- Маслинките се супер заштита од анемија
- Маслинките ја подобруваат плодноста и репродуцивниот систем
- Маслинките играат важна улога за одржување на здрав имунолошки систем, особено за време на стрес или хронични вирусни заболивања.
- Маслинките обезбедуваат многу основни витамини и амино киселини.
- Маслинки се хранливи и богати со минерали како натриум, калиум, магнезиум, железо, фосфор и јод
- Маслинки содржат олеинска киселина, која има корисни својства за да го заштити срцето
- Маслинки содржат полифеноли, природна хемикалија која го намалува оксидативниот стрес во мозокот. Значи со јадење на дневна порција маслинки помага да се подобри вашата меморија до 25%.
- Само една порција маслинки е голем извор на железо – 4.4 мг
- Јадењето маслинки може да го намали појавувањето на брчките за 20%, бидејќи тие содржат олеинска киселина, која ја одржува кожата мека и здрава.
- Со јадење само 10 маслинки пред оброк, можете да го намалите апетитот до 20%. Тоа е затоа што мононезаситените масни киселини содржани во маслинките го забавуваат процесот на варење и го стимулираат хормонискиот холецистокинин, хормон кој испраќа пораки на полнота во мозокот.
- Маслинките исто така помагаат на вашето тело да го стимулира производството на адипонектин, хемикалија која согорува маснотии до пет часа по ингестијата
- И доколку сите овие причини не ви се доволни да започнете со конзумирање на маслиники, тие исто така се и супер афродизијак.