HomeЗдравјеПриродни извори на магнезиум

Природни извори на магнезиум

Ладното, есенско време кое не е толку омилени поради честите настинки и вируси, омилено е поради големиот избор на намирници кои може да ги внесеме во секое време. И пред постепените или нагли пагања на температурата, се препорачува навремено конзумирање на здрави намирници. Во продолжение прочитајте колку Магнезиум е добар за вашето здравје и како може да го внесете природно во вашиот организам. Магнезиумот е важен за организмот да може да функционира на правилен начин.

Магнезиумот како што кажавме е потребен за правилно функционирање на организмот. Телото не може само да го производува па потребно е да се внесува по природен пат преку храната или додатоци во храната. Докторите препорачуваат внесување на магнезиумот повеке од 100 мг дневно. За жените препорачано е внесување на магнезиум од 300 – 320 мг, додека кај мажите е во граница од 400 – 420 мг. Кога се работи за здрава личност, во неговите коски, мускули и ткива се наога околу 24 грама магнезиум, па логично е дека магнезиумот мора да се надокнади  преку исхраната.

Што се случува со организмот кога не внесуваме Магнезиум? 

Магнезиумот е препознатлив како природен медикамент за намалување на стресот, анкциозноста и лошото расположение. Кога имате главоболка или мала мигрена, секогаш од постарите луге ке слушнете дека причината е недоволно внесување на минерали. Всушност, магнезиумот е одговорен за врзување на калциумот за коските, а исто така се препорачува и за воспаление на мускулите и лигаментите. Исто така научно е докажано дека магнезиумот го намалува ризикот за срцев и мозочен удар,  исто го намалува и ризикот од добивање на дијабетис, а значајно допринесува за ублажување на последиците од остеопороза. При појава на сите овие симптоми, не секогаш може да се внесе магнезиум преку храна, па затоа појдете до најблиската аптека и земете си магнезиум со кој што брзо ке се намалат симптомите. Мегутоа треба да се вземе во предвид неговата претерана употреба.

Намирници богати со магнезиум кои може да ги внесете во вашата исхрана:

  1. Црна Чоколада

Љубителите на чоколадо ке бидат воодушевени од фактот дека само 30 грама од ова здраво чоколадо содржи скоро 15% од потребната количина на магнезиум на дневна основа.

 

 

2. Авокадо 

Оваа намирница иако сеуште не е популарна на нашиот пазар, доста е препознатлива по нивото на магнезиумот кој го содржи. Само една кришка на авокадо може да задоволи 20% на магнезиум кој е потребен да се внесе на дневно ниво.

 

3. Риба

Лосос, скуша или туна се нешто што треба да е неизбежно на вашата трпеза, не само поради витаминот Д и омега 3 масните киселини, туку и поради препорачаната доза на магнезија. Препорачливо е барем еднаш неделно вклучување на риба во вашата трпеза.

 

4. Зелен зеленчук

Доколку сте љубител на спањак, кељ или блитва, тогаш одлично. Нека овие намирници бидат редовно вклучено во вашата трпеза.

 

 

5. Јаткасти плодови и житарици

Кикиритки, бадеми или семки ? Сите овие се богати со магнезиум, па така 70 грама од овие намирници го задоволуваат потполно дневниот внес на магнезиум 100%.

Must Read

loading...