HomeЗдравјеИсхрана и Астма - Препорачлива и штетна храна

Исхрана и Астма – Препорачлива и штетна храна

Доколку вие или некој близок има проблем со астма, еве кои намирници треба почесто да ги внесувате, а кои намирници да ги избегнувате со цел да си олеснете себе си и на вашиот организам.

  • Препорачливо е внесување на повеќе овошје и зеленчук – Познато е дека внесувањето на овошје и зелнчук во важата исхрана помагаат во водењето на поздрав живот. Во овој случај нема одредена специфична диета која ке помогне со проблемите во дишењето. Но овошјето и зеленчукот се добар старт. Тие се полни со антиоксиданси и витамин Ц и Е. Помагаат во сопирањето на честичките кои ги воспалуваат и иритираат вашите бели дробови.
  • Препорачливо е внесување на витамин Д – Витаминот Д највеќе го примаме од сонцето, но исто така може и од одредена храна. Имате поголем избор на намирници доколку ви е потребен витаминот Д како што се риба, млеко , јајца, сок од портокал. Овие намирници исто така помагаат во зајакнувањето на вашиот имунолошки систем. Малата количина на витамин Д може да придонесе до поголем број на астма напади.
  • Препорачливи се јаткасти производи – Тие содржат многу корисни работи, но една од најважната состојка која помага во врска со астмата е витаминот Е. Бадемите, лешниците и суровите семиња се добри извори, како и растителните зеленчуци како брокула и кељ. Витамин Е има токоферол – хемикалија која може да помогне во намалување на кашлицаата  и отежнатото дишење.
  • Препорачливо е внес на поголема количина домати –Изгледа дека храната направена од домати им помага на луѓето со астма. Научниците сметаат дека тоа се должи на ликопенот кој најмногу им помага, но потребни се повеќе истражувања. Некои студии покажуваат дека тие можат да го одржат вашето дишење нормално подолг период.
  • Препорачливо е внес на риба – Омега-3 масните киселини кои особено се застапени во масна риба како лосос, харинга, туна и сардини помагаат да се намали количината на ИгЕ антителата што вашето тело ги прави. Тие е антитело кое предизвикува проблеми со дишењето кај некои луѓе со астма.
  • Суво овошје е штетно – Постојат некои видови на храна што можеби ќе сакате да ги избегнувате ако имате астма, а меѓу нив се и сувото овошје. Иако свежо овошје, особено портокалите и јаболката, може да помогне во контролирањето на астмата, сулфитите кои помагаат во зачувувањето на сувото овошје може да ја условат состојбата за некои луѓе. Алкохолот (особено црвеното вино), ракчиња, кисели зеленчуци, марасино цреши и сок од лимон со флаширано често имаат сулфити.
  • Грав исто така е штетен и не се препорачува – Се работи за гасот кој што го дава на некои луѓе. Може да го надуе стомакот и да го отежне дишењето. Може дури и да предизвика напад на астма. Оставете го да впие вода  неколку часа и променете ја водата неколку за да се намали овој ефект. Други намирници кои го имаат истиот ефект се лук, кромид, пржена храна и газирани пијалоци.
  • Избегнувајте и кафе -Хемикалиите кои се наогаат природно во кафе, чај, билки, зачини, па дури и во аспиринот може да бидат штетни. Иако повеќето луѓе не реагираат на нив, тие може да го отежнат дишењето, особено ако веќе имате астма. Може да ги подобрите овие симптоми ако ги намалите  овие намирници колку што можете од вашата исхрана.
  • Суплементите исто така се штетни па ви препорачуваме да се избегнуваат – Како општо правило, суплементите не функционираат исто како и хранливите материи од храната за да се заштитите од астма. Така да конзумирајте зеленчук! (И ореви, риби и овошје). Разговарајте со вашиот лекар за било какви додатоци што ги земате затоа што тие можат да влијаат на вашиот лек.
  • Внимавајте на вашата телесна тежина – избегнувајте да се прејадувате – Кога јадете повеќе калории отколку што согорувате, вашето тело задржува екстра маснотии. Таја почнувате да качувате килограми. Со зголемувањето на килограмите и вашата телесна тежина , поголема е веројатноста да имате астма иги влошувате симптомите

Must Read

loading...