HomeЗдравјеЗдраво јадење во време на празници

Здраво јадење во време на празници

Не треба да губите надеж за здраво јадење во периодот на празници кој следува. Постојат повеке начини да уживаме во храната за време на празниците без притоа да се прејадуваме.

Многу луге веруваат дека не е можно да не накачиме тежина за време на празниците. Но покачувањето на телесната тежина за време на празниците не мора да биде случај.

Постојат повеке начини како да пристапиме во врска со храната за време а празниците, особено доколку сакате да ги поминете со здрава исхрана која треба да ја практикуваме во текот на целата година.

Јадите пред да излезете

Никогаш не одете на забава гладни. Конзумирајте мал оброк кој вклучува протеини пред да излезете. Протеините помагаат да се балансира шекерот во крвта, каде без него прво ке отидете на десертот за време на забавата.

Останете хидрирани 

Останувањето хидрирани е од витално значење за да се избегне прејадување бидејки многу луге грешат за задоволување на жедта со гладта. Пиењето на една полна чаша со вода заедно со јадењето ке ја задоволи вашата потреба.

Размислете што јадете

Кога имате на располагање многу јадење кои ве привлекуваат, запомнете да останете свесни за тоа што внесувате во вашиот организам.

Доколку се решите да јадете нешто, тоа направете го полека, вкусувајки го секој залак. Доказ дека јадеме несвесно е кога едвај се секаваме што сме јаделе. Доколку јадеме несвесно нема да ја вкусиме храната туку само несвесно ке внесеме повеке калории отколку што е потребно.

Планирајте кога ја внесувате храната

Доколку планирате да почнете да не јадете одредено време пред прослава, за потоа да надокнадите за време на празниците ве уверуваме дека тоа нема да ги донесе посакуваните резултати.

На мозокот му е потребно 20 минути да му каже на стомакот дека е сит. Па затоа правењето пауза мегу оброците може да спречи прејадување.

Вкусувајте – во мали дози
Можеби се чуствуваме полни и срекни со секој залак кој го внесуваме, но во вкусувањето е сатисфикацијата. Подобро одберете повеќе видови храна и вкусете ја отколку да избрзате со една храна која ви се допага и да не го почуствувате задоволството. Помала количина на храна може да биде по задоволителна отколку поголема, плус остава простор за вкусување на повеке типови храна без да добиете болки во стомакот.
Откажете се од диета за намалување тежина – гледајте да ја задржите постојната
Некои луге избегнуваат прејадување, додека други го користат овој период за да намалат тешина.
Но наместо обид за намалување на тежина, подобро е да ја одржувата веке постојната тежина. Обидот за намалување на тежина во овој период може да биде многу тежок и разочарувачки, па затоа ние препорачуваме да се откажете од таквите намери и да внимавате да не ја дополнително зголемите вашата моментална тежина.
Учете од вашите неуспеси
Ако претерате со јадењето, заборавете и продолжете понатаму. Една од честите појави е прејадувањето на лугето за време на празниците. Кремастите салати и благи колаќи избегнувајте ги или внесувајте ги во мала количина.
Наместо да се обвинувате , учете од грешките за во наредните прилики да не ги повторно повторите.

Must Read

loading...