HomeЗдравјеГрижа за своето болно дете

Грижа за своето болно дете

Кога вашето дете е болно од некој си вирус, настинка или грип вие можете да направите неколку работи да им олесните и помогонете и со тоа да спречите поголеми компликации. Еве кои работи треба да ги знаете кога ке се појават симптомите на настинка, вирус или грип кај вашето дете.

Настинка  или Грип

Прво и битно е да разликувате настинка од грип, и кога е потребно да го однесете вашето дете на доктор. Настинките и гриповите се многу заразни во почетните фази, па така тешка настинка или вирус се многу слични. Сепак грипот е посериозна волест која доколку не се третира соодветно може да дојде до одредени компликации, за ралика од настинките. Грипот вообичаено доага наеднаш и може да ги содржи следниве симптоми:

  • Температура
  • Главоболка
  • Измореност/малаксаност
  • Сува кашлица
  • Црвено грло
  • Течен нос
  • Болки во мускулите
  • Дијареа и повракање истотака може да се појават, но тие се почести кај децата.

Кога треба да побарате помош од Лекар

Ако се сомневате дека вашето дете има грип, мора да побарате третман од лекар во првите 48 часа со цел да се постави дијагноза за лечење на грипот. Еве неколку итни предупредувачки знаци кај децата каде е потребна итна медицинска помош:

  • Висока или нопагачка температура (над 38 Целзиусови степени) или која и да е повишена температура кај бебиња помлади од 3 месеци
  • Забрзано дишење или при проблеми со дишење
  • Модринки на кожата
  • Не конзумирање доволно течности
  • Промена во менталниот статус, како спиење цело време или отсутство на интеракција, несакање на детето држење во раце или одредени напади
  • Подобрени симптоми, па потоа влошување на здравјето со уште повисока температура и полоша кашлица
  • Влошување на основните хронични медицински состојби (болест на срце или бели дробови, шекер итн.)

Грижа за болно дете

Кога вашето дете е болно, консултирајте го вашиот доктор пред да му давате различни лекоци и состојки кои не се препорачливи за деца. Одредени лекови не се препорачливи за симптомите кои вашето дете ги има или пак одредени лекови не треба да се даваат на деца помали од 2 години. Еве ги вообичаените домашни третмани :

Температура: Висока температура е честа појава кај децата и е доста застрашувачка за родителите. Препорачливо е полека облека, конзумирање повеќе течности како и одмоарање се добри начини за справување со температурата. Да не се дава аспирин на девата или тинејџерите, додека Ибупрофен може кај дева поголеми од 6 месеци. Сепак подобро е да се консултирате со лекар пред да постапите со лекување на вашето дете.

Повракање: Честа дилема со зголемената температура е повракањето која го спречува делувањето на лекот за намалување на температурата. Со намалувањето на температура ке се намали и повракањето. Доколку се интевизира или неможе да се намали повракањето, веднаш е потребно да се добие соодветен третман од лекар.

Дехидрација: Внесувањето на течностие е еден од честите совети кои ги слушаме при инфекции. Течностите се важни при намалување на температурата и при повракање или дијареза за да не дојде до дехидрација. Природни сокови, како и вода помагаат во тоа, па препорачливо е секогаш да се на дофат.
Одмор: Обезбедете му на вашето дете комфорт и оставете го да се одмори колку што е можно повеќе. Обезбедете пријатна атмосфера и порверувајте го за да се уверите дека постелата и облеката му се суви и константо проверувајте ја температурата и соодветно на тоа делувајте. Оставете вода на дофат за кога ке е потребно.
Храна: Се препорачува конзумирање на лека храна кога вашето дете пати од симптоми на грип. Топла пилешка супа, мед, лимон, вода. Сето ова помага при црвено и болно грло.

Must Read

loading...